Официјално: Луис Енрике, две години селектор на Шпанија

Веќе нема никакви дилеми, Шпанската Фудбалска Федерација го именуваше Луис Енрике за нов селектор на „црвената фурија“, потпишувајќи двогодишен догово со овој трофеен стратег. Претседателот Рубиалес настојуваше што поскоро да биде именуван нов предводник на националниот тим по хаосот што настана со заминувањето на Лопетеги непосредно пред почетокот на СП, во опција беа уште неколку стручњаци, но на крајот изборот падна на Енрике, кој е без ангажман од заминувањето од клупата на Барселона.

Одличните резултати како стратег на Барса беа главна препорака за овој стручњак, кој со каталонскиот гигант стигна до две титули во Примера дивизион, три трофеи во Копа дел реј, воедно и освојувајќи по еден пехар во Лигата на шампионите, клупскиот мундијал, Супер-купот на Европа и Супер-купот на Шпанија.

Енрике својот прв список, на кој не се очекуваат преголеми промени, ќе го соопшти на 31 август, за натпреварите против Англија и Хрватска во рамките од Лигата на Нации.

Се вчитува...