Ифе Лундберг од денеска и официјално повеќе не е член на Партизан, со што беше ставен крајот на агонијата за данскиот репрезентативец кој воопшто не беше дел од плановите на тренерот Обрадовиќ во изминатиот период.
На Лундберг летово му беше ставено до знаење дека нема да биде дел од тимот, а Обрадовиќ се реши да не го повика дури и по повредата на Карлик Џонс, кога овој кошаркар можеше да биде од огромна помош на тимот.
Клучен за целата разврска беше интересот на Макаби, па откако израелскиот тим испрати интересна понуда до Лундберг, тој најпрвин истата ја прифати, а потоа седна на маса со управата на Партизан и ги договори условите околу прекинот на соработката.
„Партизан и Ифе Лундберг постигнаа договор за прекин на соработката. По сезоната 2024/25 во која со „црно-белите“ ја освои титулата во АБА-лигата, Ифе во наредниот период ќе игра за друг клуб. Ифе, ти благодариме за се. Многу среќа во продолжението на кариерата“, се вели во денешното соопштение на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

