ОФИЦИЈАЛНО: Љупчо Марковски – Калц е нов тренер на Тетекс

Искусниот тренер и доскорашен шеф на стручниот штаб на Работнички, Љупчо Марковски – Калц и официјално е претставен за нов тренер на второлигашот Тетекс. Претходно Марковски беше тренер на Скопје, а беше и тренер на младинските категории на Вардар.

Тетекс доби нов Управен одбор, од кого се очекуваат стабилизација на екипата во пролетниот дел, и изборување на опстанокот во втората лига.

Од тука најавени се и неколку засилувања, пред се со прволигашко искуство. Еден од оние кои се споменува како ново име е искусниот Христијан Кировски, кој пред неколку дена не е дел од Скопје.

 

Се вчитува...