ОФИЦИЈАЛНО: Мануел Штрлек потпиша за Нексе

Ракометниот клуб Нексе го промовираше Мануел Штрлек за најново засилување. Искусното крило во Нашице ќе стигне на почетокот на следната сезона откако ќе му заврши актуелниот договор со унгарскиот Веспрем.

По потпишувањето на договорот во Нашице, Штрлек им се обрати на присутните.

„Навистина е прекрасно што ве гледам овде во толку голем број, ви благодарам што прекрасно ме пречекавте. Благодарам и на управата на клубот, навистина брзо се договоривме. Отсекогаш сум велел дека хрватскиот ракомет ми даде многу, се надевам дека тука во Нашице и јас ќе му се оддолжам. Се надевам дека ќе успееме да направиме големи работи во овој амбициозен проект и дека ќе уживате во него исто како и јас“, изјави Штрлек по потписот. 

Нексе ќе биде четврти клуб во кариерата за Штрлек, а претходно покрај за Веспрем ги бранеше и боите на ППД Загреб и Кјелце.

Се вчитува...