ОФИЦИЈАЛНО: Митровски за рекореден трансфер потпиша со словенечкиот шампион Олимпија! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски својата кариера ја продолжува во словенечкиот шампион Олимпија.

Митровски по извонредната сезона во дресот на хрватски Вараждин, по која беше избран и во идеалниот тим на хрватското првенство за сезоната 2024/25, сега реализира и официјално потпис на договор со Олимпија која ова лето ја очекуваат настапи во Лигата на шампионите на УЕФА.

Митровски потпиша тригодишен договор со словенечкиот шампион до јуни 2028 година. Како што пренесуваат Словенците, станува збор за рекорден трансфер во историјата на клубот, за сума од 1,2 милиони евра која ќе биде исплатена на Вараждин.

26-годишниот Димитар Митровски на 28 натпревари во сезоната 2024/25 постигна осум гола во дресот на Вараждин, дополнети и со четири асистенци.

Се вчитува...