ОФИЦИЈАЛНО: Мо Салах е нов фудбалер на Трабзонспор

Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со Трабзонспор, според кој египетскиот напаѓач ќе заработува 17 милиони евра по сезона, објави турскиот клуб.

Салах ќе добива 20 проценти од продажбата на производи што го носат неговото име, како и дополнителни бонуси во текот на секоја сезона.

Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, при што постигна 257 гола на 442 натпревари и освои две титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампионите.

Тој беше прогласен за играч на сезоната во Премиерлигата и ги освои наградите „Златна копачка“ и „Најдобар креатор на играта“, станувајќи првиот играч што го постигнал тоа во една сезона.

Се вчитува...