ОФИЦИЈАЛНО: Моралес од следната сезона во ППД Загреб

Еден од најдобрите ракометари на македонскиот шампион Вардар, Куни Моралес од следната сезона ќе биде член на хрватскиот шампион ППД Загреб, го потврдија денеска од клубот.

Моралес е во составот на Вардар во последните две сезони.

„Доаѓам во клуб кој долги години е присутен на најголемата ракометна сцена – во Лигата на шампионите на ЕХФ. Моја лична цел е секако да давам максимум на секој тренинг и на секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Среќен сум и што повторно ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров, кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне“, изјавил Моралес.

Се вчитува...