ОФИЦИЈАЛНО: Нејпир е ново засилување за Црвена звезда

Американскиот кошаркар Шабаз Нејпир и официјално е ново засилување на кошаркарскиот клуб Црвена звезда.

Веќе подолго време се зборуваше за овој трансфер, кој сега е реализиран и Нејпир потпиша двегодишен договор со „црвено-белите“.

Минатата сезона Нејпир го носеше дресот на Олимпија Милано, додека во Европа настапуваше и за Зенит, а  во НБА лигата играше за Мајами, Орландо, Портланд, Бруклин, Минесота и Вашингтон.

Според неофицијални информации, Нејпир ќе инкасира два милиони евра по сезона во клубот.

 

Се вчитува...