Официјално: Педри потпиша нов договор со Барселона до 2026 година (ВИДЕО)

Еден од најперспективните фудалери на генерацијата 2002, Педри и официјално ја продолжи соработката со Барселона, потврди денеска клубот. Шпанскиот репрезентативец ќе биде дел од Барселона до 2026 година, потпис со кој каталонскиот тим ја осигура иднината во моментите кога се соочува со тешка финансиска состојба.

Притоа откупната клаузула за фудбалерот кој досега одигра 56 натпревари за Барселона, а постигна четири погодоци и шест асистенции изнесува една милијарда евра.

Се вчитува...