Официјално: Штербик дојде во Келн, ќе брани против Франција!

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Арпад Штербик е „џокерот“ што шпанскиот селектор Рибера го искористи за втората рунда од СП 2019, откако поранешниот голман на Вардар беше дополнително повикан во тимот на местото на повредениот Родриго Коралес. Штербик веќе е пристигнат во Келн и ќе биде во тимот за денешниот дуел со светскиот првак Франција, а Рибера дополнително ќе реши дали Арпад да го стартува натпреварот или пак да биде поддршка од клупата за Гонзало Перез де Варгас.

Замената доаѓа по вчерашниот инцидент на тренингот на „црвената фурија“, кога лед-рекламите крај една од аут-линиите паднаа на теренот, повредувајќи го Коралес. Деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата не е наивна, по што веднаш беше донесена одлука Штербик да се приклучи на „фуријата“.

Само за потсетување, тој долета дополнително и за време на последното ЕП во Хрватска, по што блесна во вистински момент и беше најзаслужен што Шпанија се закити со европската круна.

Се вчитува...