Официјално: Снајдер дојде кај Балотели во Ница

Ница е најновата дестинација во кариерата на Весли Снајдер, откако холандскиот ас потпиша договор на две сезони (една плус една) со овој француски прволигаш, каде Снајдер за соиграч ќе го има поранешниот тимски колега од Интер, Марио Балотели.

Снајдер по несогласувањата со тренерот Игор Тудор го раскина договорот со Галатасарај, по што интерес за ексфудбалерот на Ајакс и Реал Мадрид искажаа бројни клубови ширум Европа. На крајот тој сепак ја избра онаа на Ница, со што 33-годишниот фудбалер ќе се испроба и во француското првенство.

Тој ја зема „десетката“ во новиот клуб, испразнета по заминувањето на Микаел ле Биан. Се очекува Снајдер да биде во комбинација за претстојниот двомеч од завршната фаза од квалификациите за ЛШ, во кој Ница ќе се сретне со италијанскиот прволигаш Наполи.

Се вчитува...