Официјално: Вејн Руни промовиран како нов тренер на Плимут

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни и официјално е именуван за нов тренер на англискиот второлигаш, Плимут.

Поранешниот англиски репрезентативец по неколкумесечната пауза повторно се враќа во Чемпионшип лигата на Англија. Не се прослави со Бирмингем, па сега потпиша тригодишен договор со тимот кој оваа сезона едвај обезбеди опстанок во Чемпионшип. Плимут во последното коло славеше над Хал со 1-0 и со тоа заврши на 21. место на табелата.

Руни активно се обидува да почне препознатлива тренерска кариера за себе, откако имаше феноменална играчка кариера во дресот на Јунајтед за кој постигна 253 гола, асистираше на 139 од нив и освои 17 трофеи. За репрезентацијата на Англија собра 120 настапи и 53 гола и важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа земја.

Се вчитува...