Официјално: Зверев мораше да предаде, Надал е првиот финалист на Ролан Гарос

Рафаел Надал и официјално е прв финалист на Ролан Гарос, откако Александар Зверев беше принуден да го предаде мечот по повредата што ја заработи пред самиот крај на вториот сет.

Резултатот гласеше 1-0 во сетови за Надал и 6-6 во вториот сет, кога Зверев заработи тешка повреда на зглобот во обид да врати една топка упатена од шпанскиот ас. Неговите крици и плачењето веднаш покажаа дека станува збор за сериозна повреда, тој со лекарите се упати кон соблекувалната, за десетина минути подоцна да се врати и да го предаде мечот.

Надал за противник во финалето ќе го има подобриот од дуелот Руд – Чилиќ.

 

Се вчитува...