Официјално откажан НБА Олстар-мечот во 2021 година

НБА Олстар дуелот кој требаше да се одржи следната година во Индијанаполис и официјално е одложен за 2024 година, а средба на најдобрите играчи во најсилното кошаркарско натпреварување следната година нема да има.

„И покрај тоа што сме разочарани од тоа што Олстар натпреварот во Индијанаполис во 2021 година нема да се одржи, се радуваме на тоа што овој град ќе биде домаќин на натпреварувањето во 2024 година“ – изјави комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Следниот натпревар на супер-ѕвездите во НБА лигата ќе биде во 2022 година во Кливленд, додека Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на овој натпревар во 2023 година.

Се вчитува...