ОФМ ги изрече казните за тепачите од мечот во Велес

Одбојкарската федерација на Македонија ги изрече казните за актерите на немилиот настан од натпреварот од полуфиналето во македонското првенство меѓу Борец и Шкендија. ОФМ парично ги казни тренерот на Шклендија, Дурим Љума, со 30.000 денари за агресивно и неспортско однесување на членови на екипа, како и играчот Бен Талеб со 35.000 денари како иницијатор на немилите сцени по завршување на натпреварот.

За шптсетување дуелот помеѓу Борец и Шкендија, кој заврши со победа на велешани со 3-2, заврши со инцидент откако одбојкарите на тетовскиот тим се пресметуваа со гледачите во салата „25 мај“ во Велес.

Ова беше средба од полуфиналето во плеј-офот. Имало навреди, тепање, фрлање со столици, а на крајот дел од актерите на теренот и од гледачите завршиле во полициска станица каде што давале искази.

Се вчитува...