Огромна сензација, пораз на Србија од Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Србија загуби во 3. коло од квалификациите за ЕП од селекцијата на Швајцарија со 92-90.

Крајно изненадувачка победа на Швајцарците до која дојдоа благодарение на феноменалната шутерска вечер.

Швајцарија имаше дури 55% шут од игра, а за три поени дури 56%. Најефикасен беше Марко Млаџан со 18 поени, а 16 поени имаа Душан Млаџан и Џонатан Казади. Кај Србија се издвои Алекса Аврамовиќ со 23 поени, Апиќ и Анџушиќ завршија со по 20 постигнати поени.

Србија во понеделник ја очекува натпреварот со Финска, додека Швајцарија ќе игра со Грузија.

Се вчитува...