Огромна трагедија: На 38 години се самоуби поранешен репрезентативец на Србија

Огромна трагедија во Србија. Во 38-та година од животот се самоуби поранешниот фудбалер на Партизан и српски репрезентативец, Миљан Мрдаковиќ.

Се се случило во изнајмениот стан во Белград. Српските медиуми пренесуваат дека само седнал на својот кревет пред неговата девојка, го зел пиштолот и со зборовите „не можам повеќе“ си пукал во главата. Преплашената девојка побегнала од станот и веднаш повикала полиција и брза помош која го пронашла телото во станот.

Мрдаковиќ кариерата ја заврши пред три години во ОФК београд, а претходно настапуваше за Партизан, Салцбург, Гент и Андерлехт.

Мотивите за самоубиството се уште треба да се расчистат.

Се вчитува...