Охрид е преголем залак за „пелистерци“

Ракометарите на Охрид прокнижија бодови во Супер-лигата, откако без многу проблеми го совладаа Пелистер со резултат 28-20.

Избраниците на Раде Стојановиќ се одлепија уште на почетокот од средбата, поведоа со 9-3, но малото опуштање во нивните редови овозможи Пелистер да се врати и да намали на 10-9. На полувреме се замина со водство на домаќините од 13-11, за охриѓани потоа рутински да ја зголемат предноста во вториот дел и да го контролираат резултатот до конечниот триумф.

Блажески беше најдобар поединец во победничкиот тим со осум гола, по четири постигнаа Тот и Кривокапиќ, додека најдобар стрелец на Пелистер беше Стефан Талевски со шест погодоци.

Се вчитува...