Охрид ја „разнесе“ Струга во езерското дерби (28-10)

Ракометарите на Охрид ја запишаа и шестата победа во седмиот меч сезонава триумфирајќи повеќе од убедливо со 10-28 (6-13) во езерското дерби кое се играше во СРЦ „Тими“.

Уште од самиот почеток на натпреварот охриѓани наметнаа извонреден ритам, па брзо дојдоа до предност од 5-8. До полувремето веќе се стигна до седум гола разлика.

Второто полувреме дополнително засилено беше во знакот на Охрид кој контролираше се на натпреварот, на крајот за триумф од 10-28.

Претходно, Радовиш исто така убедливо со 41-33 славеше против Работнички.

Се вчитува...