Охрид лесно против Вардар јуниор за убедлив крај на есенската сезона

Ракометaрите на Охрид со триумф ја завршија есенската полусезона во Суперлигата на Македонија, убедливо славејќи пред својата публика против Вардар јуниор со 33-18 (18-8).

Домашните ракометари во Охрид тргнаа моќно на дуелот, а потоа во игра влегоа и млади ракометари кои сезонава беа со помала минутажа, но и тие стигнаа до убедлива предност против младите вардарци на полувремето од 18-8.

Тренерот на Охрид повторно ротираше и во второто полувреме на натпреварот, кој домашните без проблеми го донесоа до конечен триумф од 33-18.

Во составот на Охрид по пет голови постигнаа Крсте Андоноски, Боба Блажески и Михаил Иваноски, а по четири пати прецизни беа Мартин Ивановски и Денис Тот. Во тимот на Вардар, Мартин Карапалевски заврши со шест постигнати голови.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...