Раководството на Охрид работи напорно на формирање на играчкиот ростер за новата сезона, веќе интензивно се преговара за ангажман на неколку квалитетни засилувања, а охриѓани паралелно со тоа водеа преговори и за задржување на голем дел од актуелниот играчки кадар во тимот.
Така, „сино-белите“ денеска објавија дека е постигнат договор за продолжување на соработката со петмина ракометари, и тоа Македонците Ојлески, Котов, Ѓорѓески, Кукуловски и грузискиот бек Темо Орјоникидзе.
„ГРК Охрид ги продолжи договорите со уште 5 „Гладијатори“. Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид. Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловски и Орјоникидзе до 2026-та. За следната сезона валиден договор со клубот имаат и капитенот Тасески, Чаневски, Јотиќ, Цирар, Бојаниќ, Шипинкоски и Ристески“, објави ГРК Охрид на својата официјална страница на фејсбук.
Само за потсетување, охриѓани преговараат и за трансфер на екс-репрезентативецот Филип Талески, а според медиумите од регионот во завршна фаза се преговорите за ангажман на српскиот бек Предраг Вејин од Олимпијакос и на Словенецот од Хановер, Тилен Стрмљен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА