Младинскиот репрезентативец на Бразил 22-годишниот Де Соуза Мораис Каио Винициус е нов ракометар на Охрид, објави денеска клубот.
Винициус игра на позицијата десен бек, и потпиша договор со Охрид до јуни 2026 година.
„Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом“ – изјави Винициус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА