Охрид со два гола во вториот дел до триумф над Детонит и до врвот на табелата во 2МФЛ

Екипите на Работнички и Охрид ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи во одложените натпревари од второто коло во Втората лига.

Работнички освои три бода на гостувањето кај Тетекс, совладувајќи го домаќинот со минимални 1-0. Иако не беше лесно за тимот од Дебар Маало, кој има амбиции за враќање во елитното друштво, единствениот гол на натпреварот беше постигнат во финишот на првото полувреме. Тој резултат се покажа како доволен за четврта победа за Работнички во пет одиграни натпревари.

До нов триумф стигна и Охрид, кој на гостински терен славеше против Детонит со 2-0. Охриѓани одиграа одличен втор дел, во кој ги постигнаа двата гола и го обезбедија целиот плен.

Со новите три бода, Охрид се искачи на врвот на табелата и сега има бод повеќе од Пелистер, кој минатото коло го совлада токму охридскиот тим во дербито.

Се вчитува...