Охрид убедливo поразен од Порто

Екипата на Охрид се наоѓа пред елиминација од Купот на ЕХФ откако македонскиот претставник го загуби првиот дуел од двомечот со Порто со преубедлливи 37-20.

Од претходно беше договорено охриѓани двата меча да ги играат како гости, а Порто знаеше како да ја оправда фаворитската улога и веќе по првиот меч да си обезбеди пласман во следната фаза. Мора да се истакне одличниот старт на охриѓани, кои имаа водство од 7-10 до средина од првото полувреме, но Порто со серија од 7-0 го сврте резултатот во своја полза, на полувреме замина со предност од 16-12, за потоа португалскиот тим во вториот дел да му дозволи на нашиот претставник да постигне само осум гола, за конечни 17 погодоци предност.

Реванш дуелот кој ќе биде само формалност, се игра утре со почеток во 16 часот.

Се вчитува...