Охрид, во две различни полувремиња, до триумф над Вардар јуниор

Ракометарите на Охрид запишаа нова победа во 5. коло од Суперлигата славејќи на гостувањето против Вардар Јуниор во Скопје со 23-28 (12-11).

Охриѓани го запишаа четвртиот триумф сезонава во две различни полувремиња. По негативата во првиот дел, одлично второ полувреме за Охрид кој поведе со 17-18 па од тогаш до крајот рутинско зголемување на предноста за конечен триумф од пет гола разлика.

Во следното коло охриѓани на домашен терен го пречекуваат тимот на Бутел.

Се вчитува...