Охрид во финалето на турнирот во Тузла

Ракометарите на Охрид ќе играат во финалето на меѓународниот турнир во Тузла, БиХ, откако во полуфиналната пресметка славеа против домаќинот Слобода со 30-31 (16-17).

Најефикасни ракометари кај охриѓани беа Бобан Блажески со седум, како и двоецoт Лексо Цителишвили и Крсте Андоноски со по шест постигнати погодоци. Кај домаќинот Слобода се издвои Давор Кадиќ со 12 гола.

Во финалето утре избраниците на Раде Стојановиќ ќе играат со унгарскиот прволигаш Оросхазија ФКСЕ.

Се вчитува...