Охрид загуби во финалето на турнирот во Тузла

Ракометарите на Охрид не успеа да го освојат турнирот во Тузла, БиХ, откако во финалето загубија од унгарскиот Орошази со 28-20 (15-9).

Унгарците до триумфот стигнале благодарение на далеку подобрата игра во првото полувреме. Во вториот дел охриѓани успеале да создадат рамнотежа на теренот, но на крајот Унгарците, сепак, убедливо славеа.

Најефикасен кај Охрид на натпреварот бил Блажески со шест голови. Голманот на охриѓани, Јагош Брауновиќ е прогласен за најдобар голман на турнирот во Тузла.

Се вчитува...