Охриѓани го декласираа Работнички, за запоседнување на врвот во Суперлигата

Ракометарите на Охрид го запоседнаа врвот на табелата во Суперлигата откако во 11. коло славеа убедливо на гостувањето против Работнички во Скопје со 27-37 (13-20).

Составот на Раде Стојановиќ сосема очекувано доминираше од самиот почеток на мечот не дозволувајќи никаква можност за изненадување. Од почетокот се стекнаа охриѓани предност која ја одржуваа до самиот крај.

По овој триумф Охрид е прв со 28 бода, два повеќе од второпласираниот Металург кој има и натпревар помалку. Работнички е на делба на последната позиција со 4 бода заедно со Металург 2 и Струга.

Се вчитува...