Охриѓани на продолжен викенд во Порто во ЕХФ Купот

Ракометарите на Охрид, на двојното гостување во Португалија, денеска и утре ќе ги одиграат двата натпревари против Порто, од второто квалификациско коло во ЕХФ Купот.

Во својата деби сезона во европските купови, во првото коло го елиминраа холандскиот Крас Волендам (24:24, 24-23). Двата натпревари од првата рунда, ракометарите на Охрид ги играа пред својата публика во салата „Билјанини извори“. Во втората рунда пак и двата меча ќе ги играат на гостински терен, откако ја оприфатија понудата од Порто двата натпревари да ги одиграат во еден викенд.

Тренерот на Охрид, Горан Андоновски, на располагање го има комплетниот состав со сите 16 ракометари што отпатуваа во Порто. Искуството и домашниот терен се на страната на противникот кој е голем фаворит во овој дуел, но охриѓани најавуваат максимална борбеност и достоен отпор за искусниот противник.

Двата натпревари од второто квалификациско коло во ЕХФ купот против Порто, ќе се одиграат денеска и утре со почеток во 16 часот.

Се вчитува...