Оива: Реал Мадрид е многу силен и без Кристијано Роналдо

Јапонскиот тим Кашима антлерс ќе го предизвика актуелниот светски и европски првак Реал Мадрид во полуфиналето на клупскиот Мундијал. Тренерот Го Оива вели дека „кралевите“ се многу силни, иако оваа сезона го немаат во своите редови Португалецот Кристијано Роналдо.

„Реал Мадрид е Реал Мадрид, многу силен тим, еден од најдобрите клубови во историјата на фудбалот. Имаме максимален респект, но се надеваме дека можеме да им парираме и да оствариме добар резултат. Мораме да бидеме цврсти во одбраната, да не дозволиме да поведат брзо, затоа што потоа би било речиси невозможно за нас да ги изненадиме. Ние имаме наша голема одговорност, да го презентираме јапонскиот фудбал најдобро што знаеме на ова Светско клупско првенство“, изјави тренерот на Кашима.

Реал Мадрид и Кашима антлерс ќе ги одмерат силите од 17.30 часот, а победникот ќе игра во големото финале, каде веќе се пласираше Ал Аин, кој изненадувачки ја елиминира Ривер Плата.

Се вчитува...