Ојлески: Очекувам тежок натпревар против Татабања, но верувам во наша победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре на домашен терен ќе ја пречекаат унгарска Татабања во натпревар од 4. коло од годинашното издание на Лигата на Европа. По три одиграни натпреварит битолчани имаат скор од по една победа, реми и пораз.

Крилото на „зелено-белите“, Гоце Ојлески очекува тежок и тврд натпревар, но верува дека формата на Еурофарм Пелисте е во нагорна линија и дека ќе стигнат до победа на мечот.

„Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, рече искусниот Ојлески.

Натпреварот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...