Кошаркарите на Оклахома славеа против ЛА Клиперс со 126-107 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Домашниот тим добро му парираше на актуелниот шампион, особено во првото полувреме. Дури имаа и еден поен предност за паузата, а потоа Шеј Гилџус-Александар се ослободи. Канадскиот кошаркар доминираше во текот на третата четвртина и ја водеше Оклахома до двоцифрена предност, а во последниот дел ја потврдија таа доминација.
Гилџус Александар се истакна во победничкиот тим со 30 поени, Џо додаде 22, Волас и Вигинс имаа по 12, додека Холмгрен постигна 11 поени.
Најефикасен кај Клиперсите беше Харден со 25 поени, по него следеа Колинс со 17, Дерик Џонс со 16 и Брук Лопез со 12 поени, а Богдановиќ заврши со 11 поени за 29 минути на паркетот.
Кошаркарите на Торонто ги победија Милвоки со 128-100, доаѓајќи до четвртата победа во сезоната, а Милвоки го доживеа третиот пораз.
РЏ Барнет ги предводеше Репторс до победата со 23 поени и осум скока и четири асистенции, Скоти Барнс исто така додаде 23 поени, шест асистенции и четири украдени топки.
Кај Бакс, Јанис Антетокумпо беше најдобар со 22 поени, осум скока и три скока, Кајл Кузма додаде 18 поени со три скока, а Кол Ентони постигна 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

