Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата Оклахома сити тандер стигнаа до 21 победа во 22 натпревари откако синоќа славеа на гостување кај Голден стејт вориорс со 112-124.
Шај Гилџс Александер повторно беше прво име во таборот на победникот со 38 поени. Кај поразените кои играа без Стеф Кари, Спенсер и Подзимски постигнаа по 17 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Вашингтон 121-102, Торонто – Портланд 121-118, Бостон – Њујорк 123-117, Њу Орлеанс – Минесота 142-149 и Сан Антонио – Мемфис 126-119.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

