Раководството на Зенит деновиве ја активираше продажбата на билетите наменети за нивните навивачи за првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против Вардар во Скопје.
Управата на рускиот тим, како што вели во своето соопштение, сака што повеќе свои навивачи на дуелот против македонскиот шампион кој се игра во четврток од 21:05 часот на националната арена „Филип Втори“.
Билетите за руските навивачи, кои се продаваат по цена од 700 рубљи (или околу 10 евра), ќе може да се купат единствено во Русија, преку клупската продажна мрежа. Руските навивачи во Скопје нема да може да набават билети.
Според најавите од руските медиуми, се очекува околу 500 навивачи на Зенит да бидат присутни на натпреварот од почетокот на групната фаза во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА