Оле го предупреди Клоп – „Моите момци се гладни“

По победата против Барнли од 0-1 Манчестер Јунајтед изби на првото место на првенствената табела, менаџерот Оле Гунар Солскјер му се закани на Јирген Клоп велејќи дека во дербито на „Енфилд“ носи момци кои се „гладни“.

„Брилијантна е позицијата на која се наоѓаме во моментов. Секако свесни сме дека му гостуваме на шампионот кој зад себе има фантастични три и пол сезони. Знаеме дека ќе биде тешко за нас, но подготвени сме за нив. Да биравме не можевме да избереме подобар момент да играме против нив. Во добра форма сме, гладни сме и тоа е многу важно – Моите момци се гладни за победа“, изјави Солскјер. 

Се вчитува...