Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, синоќа предвреме го заврши мечот против Еибар, излегувајќи во десеттата минута, откако над него жестоко фаулираше Ескаланте. Иако се предвидуваше долг рехабилитациски период, сепак повредата на Бускетс не е од многу сериозен карактер…
„Неговата повреда не е толку сериозна колку што мислевме. Прегледите покажаа дека нема големи оштетувања на скочниот зглоб. Исто така, има и неколку играчи кои би можеле да го заменат Бускетс на таа позиција, така што не постои опасност по тимот“ – истакна Луис Енрике.
Тимот на Луис Енрике ја забележа 12. победа во шпанското првенство и се наоѓа на третата позиција на табелата со 41 бод, еден помалку од второпласираната Севилја. Во наредното коло Барселона ќе гостува кај Бетис, а ја очекува и реванш-дуелот против Реал Сосиедад во Купот на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА