Олимпијакос во АБА, преговорите веќе почнаа…

Олимпијакос се заканува дека ќе ја напушти грчката кошаркарска лига и покажал интерес за настап во регионалната АБА лига, пренесуваат медиумите од Грција. Трикратниот европски шампион го контактирал раководството на АБА, распрашувајќи се за правилата и условите за приклучување во регионалното натпреварување.

Претседателот на АБА Крешимир Новосел потврди дека имало прелиминарни разговори со клубот од Пиреа.

„Од Олимпијакос не контактираа, прашуваа за условите за учество во АБА“, изјави Новосел.

Олимпијакос и Панатинаикос се во отворена војна, откако „црвено-белите“ на полувреме на мечот од полуфиналето во купот на Грција одбија да се вратат на теренот, незадоволни од судењето. Од тимот од Пиреа објавија дека против најголемиот ривал отсега ќе играат само со странски судии. Од клубовите надвор од границите на поранешна Југославија, досега во АБА учествувале: израелскиот Макаби, чешкиот Нимбурк, бугарскиот Левски и унгарскиот Шолнок.

Се вчитува...