„Олимпико“ од делириум до потоп – Лаутаро го чува Интер (ВИДЕО)

Во дербито на 5. коло од Серија А, Рома и Интер одиграа возбудливи 2-2 пред преполните трибини на „Олимпико“.

Римјаните, засега единствениот тим со максимален учинок, има за што да жалат бидејќи водеа со 2-0, а преку Мален пропуштија и зицер при резултат 2-1.

Казната дојде од Лаутаро Мартинез, кој беше двоен стрелец за гостите.

„Нераѕурите“ ги постигнаа двата гола во второто полувреме, а Рома двата во првото, кога Ману Коне ја заработи титулата херој на домашниот тим со два гола, за делириум во Рим.

Но, Олимпико замолкна во продолжението.

Веќе на почетокот на второто полувреме, Мартинез, со малку среќа, го принуди Свилар да капитулира само вторпат оваа сезона, а подоцна, среде уште посилен притисок од гостите, и по третпат – за нерешен резултат и бод против актуелниот шампион на „жешкото“ гостување кај лидерот.

Се вчитува...