Олмо најави мега-трансфер: Мојот циклус во Динамо Загреб е завршен

Дани Олмо е решен да си замине од Динамо Загреб и ќе настојува веќе во јануарскиот преоден рок да ги промени клупските бои. Шпанскиот плејмејкер стана европски првак со младинската селекција на „црвената фурија“, го предводеше Динамо до неколку одлични резултати во ЛШ, но откако „модрите“ не успеаја да обезбедат влез во осминафиналето од ЛШ, за Олмо сега нема дилеми околу заминувањето од Загреб.

„Минатото лето беше идеален момент за следен чекор во мојата кариера. Не се случи тоа, бев среќен што ќе играм во ЛШ за Динамо, но сега веќе дефинитивно мојот циклус во Хрватска е завршен. Сакам да направам уште еден чекор напред во кариерата, да продолжам да се развивам како фудбалер“ – изјави Олмо во интервју за шпанските медиуми.

Динамо Загреб бара 50 милиони евра за својот најддобар играч, за кого се интересираат бројни клубови ширум Европа. Сепак, шпанските медиуми јавуваат дека Олмо е најблиску до Атлетико Мадрид, откако Диего Симеоне побарал од клупската управа ангажманот на овој суперталентиран фудбалер да биде приоритет за јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...