Македонија стигна до голем бод во третото коло од квалификациите за Светското првенство ремизирајќи со 1-1 против фаворизираната Белгија во натпревар во кој имаше и за што да жалиме бидејќи македонските репрезентативци беа и подобриот противник во поголем дел од средбата која се одигра пред полни трибини во Скопје.
По натпреварот следеше и славје во соблекувалната во која се обрати и претседателот на фудбалската федерација, Масар Омерагиќ кој им вети на фудбалерите премија. Бидејќи и покрај тоа што не играат за премии, туку од срце за Македонија, тоа го заслужуваат.
„Знам дека играте од срце а не за премии, но ќе бидете наградени, тоа ви го ветувам“, изјави Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА