Ориги е спасителот на Ливерпул: Со гол во 86. минута за победа над Њукасл (ВИДЕО)

Резервата на Ливерпул, Дивок Ориги кој влезе во игра на местото на повредениот Мохамед Салах во 83. минута е херојот на „црвените“ кој ги остава во живот за шампионската титула се до последното коло.

Ливерпул стигна до триумф на гостувањето против Њукасл од 2-3 во 37. коло од Премиерлигата благодарение на голот на Ориги во 86. минута од средбата…

Претходно, Ливерпул дојде до предност од 1-2 на полувремето со головите на Ван Дијк во 13. минута и Салах во 28. минута, но домашните преку Рондон израмнија во 54. минута.

Ливерпул со оваа победа повторно е на два бода предност пред Манчестер сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

Се вчитува...