Еден од најдобрите ракометари на македонскиот суперлигаш ГРК Охрид, Теимураз Орјоникидѕе денеска успешно опериран по повредата на предните вкрстени лигаменти.
Од клубот информираа дека хирушката интервенција е успешно завршена, а сега следи период на рехабилитација за нивниот ракометар.
„По повредата на предните вкрстени лигаменти, денес беше опериран Теимураз Орјоникидѕе, по што следи процес на рехабилитација.Ти посакуваме добро опоравување Темо!“ – информираа од Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА