Оштетен кров на стадион во Шпанија, натпреварот Депортиво – Бетис одложен

Депортиво Ла Коруња и Бетис нема да го одиграат меѓусебниот натпревар поради оштетениот кров на стадионот „Ријазор“, обелоденија денес тамошните власти.

Поради лошите временски услови, дел од кровот е оштетен и не се знае колку време ќе биде потребно за негова репарација. Засега одложен е само денешниот натпревар, а постои веројатност трибината која се наоѓа под оштетениот кров да биде надвор од употреба додека се реновира кровот.

Сè уште е непознато кога ќе биде одигран одложениот натпревар.

riazor stadion

Се вчитува...