Виктор Осимен повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, а можно е кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Нигерискиот напаѓач, кој во моментов настапува за Галатасарај, е една од најбараните „деветки“ на трансфер-пазарот. Интересот за него од англиските клубови трае подолго време, а неговите настапи во Турција дополнително ја зголемија неговата цена на пазарот.
Осимен во Галатасарај се претвори во вистинска гол-машинa. Во периодот поминат во Истанбул постигна 59 гола и запиша 16 асистенции на 74 натпревари во сите натпреварувања, со што значително придонесе за освоените трофеи на турскиот гигант.
За неговите услуги интерес има од повеќе европски гиганти, но Премиер лигата се издвојува како една од најреалните дестинации. Манчестер Јунајтед и Арсенал во минатото беа поврзувани со негов трансфер, додека интерес за напаѓачот постои и од други англиски клубови.
Осимен е на врвот на својата кариера и зад себе има искуство од Лил, Наполи и Галатасарај. Со Наполи во сезоната 2022/23 ја освои титулата во Серија А и беше најдобар стрелец во шампионатот со 26 голови.
Доколку навистина се реализира трансфер во Англија, пристигнувањето на Осимен би можело да биде едно од најголемите засилувања на летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
