Виктор Осимен изненади многумина кога по заминувањето од Наполи го избра Галатасарај за нов клуб, што беше оценето како чекор назад во кариерата.
Нигерискиот голгетер ја бранеше одлуката, тврдеше дека Галата е најдобриот клуб за него, но се чини дека ситуацијата сега е променета и Осимен сериозно размислува за преселба во Премиер-лигата. Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед сите имаа неуспешни обиди да го осигураат овој потпис во минатото, а сега во истото ќе се обиде да успее Тотенхем.
„Спарси“ веќе потрошија богатство на бројни засилувања, а тренерот Де Зерби сака токму Осимен да биде „круната“ на овој преоден рок, играч што заедно со Тонали ќе биде лидер на Тотенхем на теренот и надвор од него.
Она што е најважно, кај самиот фудбалер постои желба да се испроба во најсилната лига во светот, и тоа во тим што игра за офанзивен тренер како Де Зерби. Тотенхем ги стартуваше преговорите со Галатасарај, првата понуда од 55 милиони евра е одбиена, турскиот тим бара 70 милиони, но кај двете страни постои оптимизам дека може да биде најден заеднички јазик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
