Оскар Пијастри и следните три години во болидот на Мекларен

Австралискиот возач во Формула 1 шампионатот Оскар Пијастри останува дел од Мекларен и во следните три сезони откако денеска беше официјалнизирано продолжување на соработката која оваа сезона бележи голем успех.

Поранешниот освојувач на Формула 2 и Формула 3 шампионатот досега освои 42 поени во сезоната, а едно место го делеше од пиедесталот на Големата награда на Велика Британија.

„Воодушевен сум што ја продолжувам соработката со Мекларен. Сакам да се борам за највисок пласман во овој болид. Возбуден сум за визијата и основата која е поставена со цел поголем успех во иднина“, изјави 22-годишникот.

Се вчитува...