Поранешниот јужноафрикански параолимписки шампион Оскар Писториус не успеа во намерата да му биде намалена казната и да излезе предвреме од затвор. Во ноември 2017 година, Писториус беше осуден на 13 години и пет месеци затвор за убиството на неговата девојка Рива Стенкамп.
На 14. февруари 2013 година, тој пукал и ја убил Стенкамп преку затворена врата од бањата во неговиот дом во Преторија, бидејќи како што рекол мислел дека има провалник во куќата. Тој првично беше осуден за убиство од небрежност и доби петгодишна затворска казна, но подоцна Апелациониот суд ја укина пресудата и го осуди за убиство.
Писториус упати четири куршуми во Стенкамп, а како отежителна околност судот наведе дека параолимпиецот не испукал предупредувачки истрел. Родителите на Рива Стенкамп ќе се спротивстават на неговото барање за ослободување, изјави нивната адвокатка Тања Коен.
Тој се надеваше на позитивен исход од денешното сослушување, но како пресудно се покажа потресното сведочење на мајката на Стенкамп, која низ солзи молеше тој да не биде пуштен на слобода, бидејќи не треба да биде предвреме ослободен за ѕверското убиство на нејзината ќерка.
„Можеме да потврдиме дека Писториус ќе остане во затвор, неговата жалба е одбиена. Ќе може повторно да се жали за една година“, објави адвокатот на семејството Стенкамп, Тања Коен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА