Осман Дембеле повторно се повреди

Во Барселона буквално ништо ново. Нема ден, а од каталонскиот клуб да не информираат дека некој фудбалер е повреден. Осман Дембеле уште не вратен повторно се пожали на повреда и нема да биде во конкуренција за настап на последниот меч на Каталонците пред репрезентативната пауза, против Селта Виго во сабота на гостински терен.

Дембеле сезонава конечни дебитираше, по повредата која ја заработи на натпреварот меѓу Унгарија и Франција на Европското првенство, а сега ќе мора повторно да паузира.

Осман Дембеле во Барселона стигна во 2018 година за сума од 135 милиони евра. Воопшто не ја оправда цената, а за тимот запиша скромен 81 настап, на кој постигна 18 гола.

 

Се вчитува...