Остануваат без Мундијал поради погрешна измена!?

Цели 48 години ДР Конго чека пласман на Мундијал, а се многу блиску до пласман во Катар, но поради грешка, може да бидат казнети и да останат без него.

Конго го победи Бенин со 2:0, и така избори бараж кој би можеле да го пропуштат поради грешка на поранешниот тренер на Валенсија и Интер, Хектор Купер. Купер во 90. минута направи измена, но тоа беше менување по четврти интервал, а правилото вели дека може да се менуваат пет играчи, но во три интервали.

На теренот никој тоа не го забележи, но експедицијата на Бенин поднела жалба, со што може да го добие службено натпреварот и да отиде во бараж.

Тоа би било тежок удар за Конго, но има надеж затоа што во ист таков случај пред неколку години, казнети беа само судијата и делегатот, а мечот беше регистриран со постигнатиот резултат.

Се вчитува...