Осуден братот на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Страхиња Јокиќ, постариот брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е осуден на една година условна казна откако се изјасни за виновен за нарушување на јавниот ред и нелегален влез на теренот.

Тој доби условна казна за инцидент што се случи за време на натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс во април 2024 година.

Инцидентот се случил на трибините на „Бол Арена“ во Денвер, кога Страхиња го удрил навивачот на Лејкерс, Николас Мајер, што беше снимено во видеа кои се проширија низ социјалните мрежи. Првично беше обвинет за напад од трет степен, но подоцна постигна договор со обвинителите за признавање на вина и се изјасни за виновен за помали обвиненија.

Според Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Денвер, Мејер тврдеше во тужбата дека ударот му предизвикал потрес на мозокот, исеченици, модринки и искривен нос. Страхиња Јокиќ тврдеше дека реагирал за да заштити постар пријател.

Страхиња (43) и неговиот брат Немања одиграа клучна улога во запознавањето на Никола Јокиќ со светот на кошарката, а самиот Никола постојано нагласуваше колку неговите браќа му биле поддршка и инспирација во развојот на неговата кариера.

Никола Јокиќ (30), центар на Денвер Нагетс и трикратен МВП на НБА, моментално е еден од најдобрите кошаркари во светот, а овој инцидент не е прв пат неговото семејство да биде во центарот на вниманието надвор од спортските терени.

Се вчитува...